| четврток, 6 декември 2018 |

Вработените во ФИАТ бесни на трансферот на Роналдо: Со неговата плата сите можеме да добиеме покачување од 200 евра

Вестите за можниот мега трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус ги израдува навивачите на „Старата Дама”, но ги разбесни вработените во ФИАТ кои не се задоволни од сумите кои се споменуваат.

Шампионот на Италија се посочува како следната дестинација на Кристијано Роналдо во трансфер вреден околу 100 милиони евра. ЦР7 во Торино ќе заработува четири пати повеќе од сегашниот најплатен играч, или поточно 30 милиони евра.

Со цел да биде олеснет товорат на Јувентус за платата на Португалецот, се разгледува можноста ФИАТ или Ферари да помогне со спонзорски договор. И додека ваквите вести ги израдуваа навивачите на „Старата дама“, вработените во ФИАТ се бесни.

„По Игуаин, сега пристигнува и Кристијано Роналдо. Ова е срамно. На вработените во ФИАТ не им е покачена платата десет години. Со платата на Кристијано, на секој вработен може да му се покачи платата за 200 евра. Изминатава декада загубивме 10.7% поради инфлацијата. Фиат Крајслер aвтомобили годишно троши 126 милиони евра на спонзори, од кои 26.5 милиони евра се за Јувентус“ – критикува Џерардо Џаноне кој 18 години работи во ФИАТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top