Во Македонија наутро во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, повремен дожд проследен со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а УВ зрачењето ќе биде 7.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопскиот регион ќе има зголемена облачност од која ќе има услови за повремен дожд со услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Температурата ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.
Во недела и понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.