| четврток, 6 декември 2018 |

Договорот со Грција е национална катастрофа, потпишале се’ што им фрлиле на маса

Договорот со Грција според мене е национална катастрофа и е штетен и со него буквално се погазува се’ што е национално и се’ она за што сите политичари овие 27 години се обидувале да го договорат, односно разговарале за тие проблеми. Сега имаме еден друг случај, се потпишува се’ што е фрлено на маса и Македонија ги губи сите позиции, ова вечерва во своето гостување на телевизија 24 го потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

– Овој договор е потпишан без на било кој начин да се разговара со опозицијата, без да знае претседателот што се се преговара, иако претходно се знаеше дека сите партии се против „Ерга омнес“. Сега веќе можеме да видиме дека веќе е потпишано, вели Мисајловски.

Тој го запраша потпретседателот на СДСМ што точно ќе биде прашањето, што граѓаните ќе треба да заокружат на овој референдум?

– Дали ќе излезе ВМРО-ДПМНЕ на референдум или не, зависи токму од ова прашање и дали граѓаните ќе се чувствуваат комотно и удобно од овој референдум и дали ќе имаме демократски референдум. Во минатото видовме што се случуваше за време на изборите, јас како директен учесник во локалните избори знам многу добро што се случуваше. Граѓаните треба да се произнесат и тоа е демократско право, но исто така демократско право е и да не се излезе доколку некој граѓанин го смета тоа. Ние како партија ќе се произнесеме јасно и гласно и тоа ќе го направиме кога ќе ги добиеме целосно информациите од Владата, односно од СДСМ, истакнува Мисајловски.

Тој додава и дека Заев наместо на македонските граѓани, тој на грчките им објаснил што подготвуваат за референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top