| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Иванов не е должен да потпише нешто што не е уставно, не можете со закон да побиете Устав

Во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кажа дека во договорот со Грција, никаде во договорот не се споменува името Македонија.

– Доколку неуставни работи има во еден закон или договор или спогодба, претседателот не е должен да потпише нешто што не е уставно. Тоа го знаат сите. Вие не можете со закон да побиете Устав, изјави Мисајловски.

Тој го спомена и договорот со Бугарија каде како една од страните е запишана Република Македонија, за разлика од овој со Грција каде не е споменато името.

-Имате еден куп работи кои не се логични, кои не се согласно меѓународно право во овој договор, имате детално образложение зошто претседателот Иванов не го потпишува. Јас се согласувам со неговиот став, изјави Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top