
– Во однос на најавата за мое гостување во емисијата #СамоВистина на Канал 5 Телевизија, морам да го констатирам следново: Мој став и определба е да бидам присутен секогаш и секаде каде има потреба и каде ќе ми биде испратена покана за гостување и каде треба да се бранат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. И за овој отворен однос можеле да посведочат сите медиуми и новинари со кој сум имал соработка. Токму во таа насока сакам да посочам дека претходно прифатив да учествувам на ценетата емисија Само вистина и да дебатирам со потпретседателот на СДСМ – Фросина Ременски, со укажување дека со истиот соговорник веќе бев на дебата и можеби е добро да размислат дебатата да биде со некој друг од раководството на СДСМ, напоменувајќи дека дури и да остане како што е првично планирано немам никаков проблем, пишува генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев на Фејсбук.
– Очигледно плановите, но и желбите, очекувањата или стравувањата биле поинакви, по што телевизијата ме извести дека гостинот со кој треба да дебатирам е Хари Локвенец. Со оглед на тоа што се работи за пратеник кој не е во потесните раководни органи на партијата, јасно подвлеков дека сум целосно подготвен да дебатирам со било кој од потпретседателите или генералниот секретар на партијата на власт, во секое време и на секоја тема и дека доколку на тоа не се согласни од СДСМ, дебатата со Локвенец може да се реализира со било кој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
– За да денес прочитам најава од медиумот дека сум прифатил дебата со Локвенец која всушност никогаш не сум ја потврдил. Ваквата некоректна манипулација значи и јасна неподготвеност на СДСМ да дебатира за прашањата суштествено важни за граѓаните. Раководството на СДСМ бега од реална дебата и од одговори за предавството на националните интереси, зошто ако е толку добар договорот нема славје по улиците и огромното мнозинство на граѓани се против, за економската пропаст и отсуството на резултати. Од друга страна морам да ја потенцирам потребата за поголема коректност на телевизијата Канал 5 и да ги охрабрам луѓето таму да се отргнат од канџите на стравот наметнати од власта, завршува тој.
На оваа забелешка на Јанушев, од Канал 5 велат дека се зачудени од реакцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
– Вистината е дека г-динот Јанушев ја прифати поканата за гостување, без никаков приговор, дури и со забелешка дека е „подготвен да се соочи со било кој“ од другата страна. Но, потоа,ја промени својата одлука откако дозна дека треба да дебатира со г-динот Хари Локвенец, кој патем, освен долгодишен пратеник е и член на најтесното раководство на СДСМ, Извршниот одбор, факт кој г-динот Јанушев би требало да го знае, или барем лесно можел да го провери. Оттука, јасно е дека нивото на било каков начин не е недостојно и не може да биде алиби за бегањето од соочување.
– Овде сакаме да упатиме порака до партиите и од власта и опозицијата, дека концептот и уредувачката политика на „Само Вистина“, и генерално на Канал 5, се и ќе бидат единствено наша внатрешна работа, но истовремено нашата јасна балансираност и професионалност се видливи и јасни за сите гледачи, велат од телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


