| четврток, 6 декември 2018 |

Задолжително проверете: Колку месеци пред да ви истече пасошот може да патувате во странство?

Сезоната на летни одмори е веќе започната, а доколку патувате во странство неопходно да ја проверите датата за истекување на пасошот. Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница.

Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.

Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет.

Детските пасоши пак имаат пократок рок на траење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top