| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени четири момчиња од Тетово, под закана со нож ограбиле маркет

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти разбојништвото кое вечерта на 17-ти јуни оваа година беше извршено во маркет лоциран на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, при што од тројца негови вработени, под закана со нож, беа одземени 175 илјади денари.

Лишени од слобода се четири лица, меѓу кои еден 17-годишен малолетник: Б.З.( 20 ), Р.С.( 19 ), А.Б.( 20 ), сите од Тетово.

Во текот на денов против четворицата осомничени ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top