| четврток, 6 декември 2018 |

Се пресметале со секира, копач и метална цевка – Тепачка помеѓу тројца тетовци, едниот паднал во несвест

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против И.М. (32), И.М. (20), двајцата од Тетово и Ц.Д. (50) од село Желино-тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

На 23.04.2018 година околу 12.30 часот во Тетово на улицата ,,Благоја Тоска” прво и второпријавениот, со тврди предмети удирале по возилото, управувано од третопријавениот, по што тој избегал кон касарната, а другите две лица го пристигнале. При тоа настанала тепачка помеѓу пријавените, во која биле употребени секира, копач и метална цевка, а третопријавениот, од нанесените удари, паднал во безсознание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top