| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре ако не врне прскање против комарци во Скопје

Плановите може да ги распие најавениот дожд. Шилегов и денеска остана на тврдењето дека доцнењето се дложи поради тоа што чекале нов препарат, бидејќи претходниот утврдиле дека е токсичен.

„Имавме препарат чијашто токсичност не беше испитана. Не можам да дозволам неиспитани работи да се прскаат врз Скопје. Апаратот го пуштивме на анализа, добивме потврда дека е токсичен и заради тоа се одолговлечи дел од постапката“, изјави Шилегов.

Ова е првпат прскањето против комарците да се одолговлече до јули. Скопјани се жалат нема спас по убодот од комарците.

Здоевните инсекти предизвикуваат отоци и непрекинато чешање.

„Мали шеги имаше – дојде Северот во Македонија, така што тоа не се услови во коишто можете да извршите ефективно запрашување“, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Доктори за Канал 5 од Институтот за јавно здравје вчера алармираа дека прскањето треба да почне од март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top