Канадскиот премиер, Џастин Трудо, познат како голем поддржувач на правата на жените, е обвинет за сексуално вознемирување на новинарка кое наводно се случило пред 18 години.
Политичкиот коментатор, Ворен Кинсела, минатиот месец на Твитер објави напис од 2000 година, од весникот Creston Valley Advance, во кој се наведува дека Трудо и се извинил на локална новинарка поради непристојно допирање.
Трудо изјави дека во тој период и се извинил на новинарката.
– Многу внимателно размислував на она на што се сеќавам во врска со инцидентот што се случи пред речиси 20 години и, повторувам, сигурен сум дека немаше несоодветно однесување од моја страна – изјави Трудо за новинарите во Торонто.
Новинарката претходно годинава за Си-би-ес изјави дека не сака медиумите да го објавуваат нејзиниот идентитет во понатамошното покривање на оваа приказна. За време на инцидентот, Трудо не бил политчки ангажиран, но во Канада бил познат како син на поранешниот премиер, Пјер Трудо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


