| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче се здобило со изгореници од втор степен од тобоган во парк! (Фото)

Во текот на играњето со своите сестри и врсници, малата Ејша одеднаш паднала во несвест.

Се покажало дека девојчето на задната страна на бутовите, во близина на задникот, се здобило со изгореници од втор степен, само неколку часа поминати во паркот.

Во САД деновиве прогнозирале високи температури, па мајката Давна, само што ја довела ќерката, проверила дали во паркот е ладовина и дали лулашките, клацкалките и останатите детски предмети се безбедни за игра.

Мајката направила грешка што не го проверила и тобоганот. Наводно, тој бил толку врел и вжештен од високите температури, а малата Ејша низ него се спуштала во шорц. Тоа предизвикало изгореници од втор степен, поради што оваа мајка сега апелира до сите родители да внимаваат каде децата има играат и на децата на им облечат подолги панталони, ако сакаат да си играат на тобоганот.

– Сакам нешто да направам, за ниедно друго дете да не страда – заклучила Давна која им се обратила на надлежните за да го разгледаат нејзиниот предлог за ставање покривач на опремата за игра во парковите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top