Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов денеска се огласија со соопштение во кое ги демантираат изјавите на премиерот Зоран Заев околу поддршката на Иванов за Договорот за името, дадени во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ.
-Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, најостро ги демантира лагите изнесени од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи Договорот со Грција.
Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ- се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.
Оттаму додаваат дека „македонскиот претседател не прифаќа договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија.
-Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани- пишува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани