Михајло Маневски
На седум лица им се изречени драконски казни затвор од 10,5 до 13,5 години затвор за кривично дело обид за убиство на пратеникот Зијадин Села!! Зоран Заев и неговата клика, дефинитивно се определија да владеат со сила, со заплашување на народот, со монтирани судски случаи и со изрекување на незаконски драконски казни.
Казните што им се изречени на обвинетите, преставуваат акт на одмазда, а не акт на постигнување на целите на казнувањето предвидени во членот 32 од Кривичниот законик. Овој случај покажува на какви гнасни монструозни подметнувања се подготвени Зоран Заев и неговата клика, ставајќи се во функција на обвинители и судии. Го ставија под нозе „независното судство” во кое се колнат, а манипулираат со поединци во служба на нивните политички интереси, со груба повреда на законите и повреда на човековите права.
Во членот 39 од Кривичнит законик се определени општи правила за одмеруавање на казната. Според ставот 2 на овој член, судот при одмерувањето на казната е должен да ги има во предвид сите околности што се од влијание казната да биде помала или поголема, и тоа олеснителните и отежителните околности, како што се степенот на кривичната одговорност, загрозување или повреда на заштитеното добро, околностите под кои делото е сторено, доприносот на жртвата во извршување на делото, поранешниот живот на обвинетиот, неговата семејна и материјална положба и други околности за личноста на обвинетиот. Освен тоа, во конкретниот случај не се работи за свршено кривично дело, туку за обид, а според членот 19 став 2 од КЗ, сторителот за обид може да поблаго да се казни.
Судот воопште не ги почитувал на овие правила при одмерување на казната. Воопште не ги ценел.
околностите под кои делото е сторено и околностите за доприносот на жртвата во извршување на делото. Во една тотално нелегална постапка се фингира избор на претседател на Собранието со грубо кршење на деловникот, без почитување на елементарните правила. И ден денес, нема записник од една таква „седница”. Сето тоа се случува после провокациите со пеење на албанската химна во Собранието и во услови кога 72 дена граѓаните мирно изразуваат незадволство од Тиранската платформа, која ја потпишал и Зијадин Села.
Судот воопште не ги ценел околностите за доприносот на жртвата во извршување на делото. Пратеникот Зијадин Села континуирано со неговите изјави провоцирал и распирувал омраза и нетрпеливост. Тој ги распалува страстите со небулозни скандалозни изјави дека „со пописот од пред 100 години не постои македонски народ“ и дека Македонците немаат свој идентитет, а Албанците биле многу коректни и им помагале да го градат тој идентитет. Изјавите на Зијадин Села преставуваат класичен случај на постоење на кривичното дело Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална расна верска или друга дискриминаторка основа од членот 319 од Кривичниот законик. Никој не поддржува било какво насилство, но зошто пратеникот Зијадин Села не се зема на кривична одговорност за кривичното дело? Зошто таква селективност и необјективност и зошто не е покрената и не се покренува кривична постапка против него? За случајот Села се осудени 9 лица, а се најавуваат и нови обвинувања! До каде може да оди реваншизмот и насилството на власта врз недолжните граѓани?
Драконски казни и брутален однос спрема обвинетите е епилогот на ова фарса од судење. Грубо и дрско од државата и судот се повредени елементарни човекови права. Со телезизиски пренос од објавувањето на пресудата, со втурната камера во лицата на обвинетите и задирање во нивната душа и болката на нивните лица, се нарушува елементарното човеково достоинсто. Такво нешто не се случува никаде во светот, а ниту тоа го дозволува Универзалната декларација за човековите права и Европската конвенција за основните човекови права и слободи.
Вакво рушење на човековите права е без преседан во светот. Тоа се случува само во една тоталитарна диктаторска власт предводена од Зоран Заев и неговата клика. Народот пати од тоа, но народот ќе се одбрани од ова диктатура, затоа што никој не е посилен од народот.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст