| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во регионот: Во Србија има стотици исчезнати деца

Само за првите пер месеци годинава во Србија е пријавено исчезнување на 471 дете, објави весникот Политика.

Речиси тројно поголем број (1.334) е пријавен минатата година, а особено загрижувачки е податокот дека осум од исчезнатите деца ни до денес не се пронајдени.

Игор Јуриќ, основач на Фондацијата “Тијана Јуриќ” и татко на убиеното девојче Тијана, смета дека бројот на исчезнати деца и малолетници претставува аларм за општеството, пренесува Танјуг.

Тој потсетува дека Фондацијата минатата година започнала Регистар на исчезнати лица во Србија, со цел бројот на исчезнати да се направи видлив за популацијата, оти податоците и фотографиите освен за полицијата никому друг не му се достапни.

-Фондацијата го застапува ставот дека со ваков пристап до податоците за исчезнатите лица, кој не е отворен, јавноста не може да се вклучи во потрагата и да придонесе за пронаоѓање на исчезнатите, пред се малолетници, вели Јуриќ.

Тој смета дека голем чекор за пронаоѓање на исчезнатите деца би било воведување на “детски аларм” систем кој постои во 12 европски земји и кој стартува кога постои реална проценка дека детето е во опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top