Во вторник, на 10 јули 2018, со почеток од 19 часот, по седми пат ќе се одржи Меморијалната манифестација „Денот кога се роди добриот човек“. Место на одржување е Градски парк Кавадарци/ плато под Винска куќа.
„Денот кога се роди добриот човек“ е посветена на Дејан Костов Лиса, урбана легенда од Кавадарци, дете на поубавата страна од кавадаречките градски приказни, соработник на најдобрите кавадаречки уметници од сите бранши, пред се човек, чиј лик за век и веков е врежан на кавадаречкиот асфалт.
Се одржува традиционално на денот на раѓање на Дејан Костов Лиса. Настанот е во организација на неговите долгогодишни пријатели, соработници и соборци од кавадаречкото урбано секојдневие, денес собрани во Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ Кавадарци.
Содржински, настанот меѓу другото ќе донесе Изложба на оригинални уметнички фотографии од Јадран Манчев, целовечерна свирка на рок бендот “Bad-Ass-All” од Кавадарци, како и видео/фото ретроспектива на изминатите изданија на „Денот кога се роди добриот човек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст