Некои денес со носталгија се сеќаваат на Југославија, сметаат дека тогаш се живеело побезгрижно и посигурно, а други сметаат дека Југославија била вештачка творба која сосила со децении се обидувала на собир и во заедница да држи неспојливи народи.
Меѓутоа кој знае каква судбина би имала Југославија доколку по некој случај бил остварен во јавноста малку познат план на Јосип Броз Тито.
Некои историчари сметаат дека Тито сакал уште поголема, помоќна Југославија, која не би била само регионална, туку и светска сила, пишува хрватски Ескпрес.
Историчарката Сабрина Рамет лани за медиумите изјави дека СФРЈ под Тито сакала да создаде интегрална Југославија која би ги вклучувала пограничните подрачја околу Југославија: Грција, Турција (или Тракија), Албанија, Бугарија, барем еден дел од австриска Корушка, како и целата италијанска провинција Фурланија-Јулијска краина.
Меѓу поборниците за југословенскиот иредентизам биле и монархистите и републиканците во времето пред создавањето на Југославија во 1918 година. Сабина Ремет се повикува на изјава на политичарот Светозар Прибчевиќ дека Југославија треба да се простира „од Соча до Солун“.
Можеби најчудно на оваа карта делува тоа што како делови на Југославија се наведени Бугарија и Албанија.
Сепак, како што се наведува во Експрес, политичкото движење Звено во Бугарија го поддржувало вклучувањето на Бугарија и Албанија во заедничка држава на Јужните Словени. Движењето Звено учествувало во државниот удар во Бугарија во 1934 година. Барале сојузништво со Франција и вклучување на Бугарија во Југославија. Дури и британската влада во текот на Втората светска војна ја поддржала идејата за создавање голема Југославија, како одговор на пристапувањето на Бугарија кон силите на Оската.
По Втората светска војна, Тито објави дека Југославија полага право на Трст и цела Каринција, вклучувајќи ја и австриска Корушка.
„Ја ослободивме Корушка, но меѓународните услови беа такви што моравме привремено да ја напуштиме. Корушка е наша и ние ќе се бориме за неа“, порачуваше Тито.
Освен тоа, се појави и интересна карта која проектирала како СФРЈ би изгледала доколку се оствариле Титовите планови и тоа во два случаи:
-Дека визијата на Маршалот ја вклучувала Албанија и делови на Романија и Грција, вклучувајќи го и Солун.
-Дека Спогодбата од Блед меѓу Тито и Димиров вклучувала интергација на Бугарија во заедницата на југословенските земји.
Авторот на необичната карта истакнува дека во некоја „паралелна вселена“ комунистичката револуција во Грција барем делумно ќе успеела, со што некои делови од земјата би се отцепиле и придружиле кон Југославија. Исто се однесува и на Влашка, бившо кнежество, а денес историска покраина во Романија.
Доколку по некој случај ова, сепак, неверојатно сценарио, се случело, Југославија би се проширила, како што се наведува во текстот, од Целовец (Клегенфурт) до Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст