| четврток, 6 декември 2018 |

Убијците од Монструм се ослободуваат, а луѓето од 27 април ги судат драконски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ тема“ се осврна на реформите во судството. Тој притоа потсети на изјавите од луѓето кои поднесоа оставки од комисијата за реформи во судството дека не прифаќат да фингираат реформи.

Нивните укажувања биле дека ако се зафатат да го реформираат судството тогаш треба да се прават суштински реформи, а она што тие сега го прават е далеку од тоа.

-Такво нешто вие го премолчувате, настанува драмска тишина и тогаш се појавува јунакот и вика јас ќе застанам на чело на тоа тело и ќе го реформирам. И резултатот на тоа е извештајот на ГРЕКО каде што викаат не само што не го реформиравте него и го уназадивте. Како токму преку АКМИС системот омилената судијка на оваа власт го добива случајот за 27-ми април, по која формула, по која случајност, вели Мицкоски.

Тој додава:

Имаме случаи како Монструм каде имаме брутална егзекуција и имаме докази, спорот е воден пет години, урната е пресудата, рочиштата се вратени на почеток и се одвиваат еднаш месечно, а од друга страна имаме судски спор од 27 април кој што рочиштата ги закажува надлежната судијка на дневна основа, ден за ден и притоа соседите ми кажуваат дека неколкумина се грижат за безбедноста на истата и јас не гледам доколку сум чист и сум слободен граѓанин и тоа што го работам е согласно законите и Уставот зошто е потребно некој да се грижи за мојата безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top