| четврток, 6 декември 2018 |

Западен дипломат бара „ДУИ да ја затне муцката”

Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани открива пораки кои што влијателни западни дипломати во Скопје пред референдумот ги упатиле на лидерот на ДУИ.

Селмани тврди дека Ахмети работи на пропаст на референдумот на името.

“Али Ахмети ја започна кампањата против референдумот за името. Изјавил дека нема сила што ќе го попречи договорот со Грција.
Ова неоодговорна изјава на Ахмети може да ги одврати Македонците да го поддржат референдумот. Со тоа Ахмети се оглушува на сугестиите на еден важен западен дипломат во Скопје, ДУИ за затне муцка затоа што со нивните несмасни изјави може да ги иритираат уште повеќе противниците на договорот во македонскиот камп”, вели првиот ливек на македонските новинари.

Тој смета дека Ахмети кој за него е измамник го минира референдумот затоа што е свесен дека ако тој успее, Македонија влегува во НАТО и започнува преговори за членство со ЕУ.

“Демократизацијата и европеизацијата на Македонија го ограничува маневарскиот простор на измамници политичари произлезени од марксистички и ленинистички идеолошки кружоци во нивните напори да преживеат политички продавајќи магла на Албанците”, смета Селмани.

Извор: Експрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top