Лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија истакна дека нивниот став да не се оди на референдум е таков бидејќи референдумот може да пропадне од разни надворешни влијанија кои би манипулирале со граѓаните со моќни патриотски фрази.
– Се уште има сили водени од геостратешки интереси кои може да манипулираат. Не сите ја сакаат иднината и мирот во Македонија. Во регионот има групации кои не и сакаат добро на Македонија, рече Ахмети.
Доколку референдумот биде успешен, Ахмети очекува дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени. – Ако референдумот биде успешен, а треба да биде, подобро ќе биде опозицијата да гласа за уставните промени кои мора да се случат. Ако опозицијата не учествува во ваков процес и секоја постапка против е како да одат против волјата на граѓаните, рече Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


