Имаме нееднаков аршин во изнесувањето на судските пресуди, денеска имавме таков пример имаме луѓе кои што се осудени на вкупно 81 година затвор, а во Охрид се случи убиство каде што човекот кој што го направил тоа е осуден на пет години затвор, ова вечерва во емисијата „Топ Тема“ на Телма го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој додаде:
-Да не зборувам за сите овие не разоткриени случаи на убиства по скопските улици, за сите оние тероризирања, обиди за убиства кои што се случуваат, пресметки со ножеви и така натаму, а сите тие се квалификувани како насилство, е сега овој случај се темели на тоа дека имаме пресуда која што е еднакво на 81 година затвор. Во оваа прилика ја информирам македонската јавност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред партиските органи ќе предложам и ќе побарам поддршка од страна на извршниот комитет да изработиме амнестија за овие луѓе бидејќи очигледна е политичката пресметка, а не докажувањето на кривичното дело и доколку добијам поддршка откако ќе се изработи овој закон и истиот ќе биде доставен до Собранието ќе побарам поддршка од страна на Зијадин Села да го поддржи истиот закон, рече Мицкоски.
Тој уште еднаш додаде дека станува збор за политичка пресметка и притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и врз семејствата на тие луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


