| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Кривичната од ВМРО-ДПМНЕ е неоснована

Откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против државниот врв и пратениците за Договорот со Грција, со реакција се јавија од СДСМ. Од СДСМ велат дека кривичната пријава од ВМРО-ДПМНЕ е поднесена во очај и е неоснована.

„Неоснована пријава на ВМРО-ДПМНЕ не е само лажно пријавување, туку е и показател дека се уште би сакале да го злоупотребуваат судството како што го злоупотребуваа 11 години наназад. Вакви провидни очајни чекори покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи. Нема параван за невистините на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираа од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top