Европската Комисија покрена консултации за промената на летното и зимското време, што ќе траат до 16 август. Прашањето ќе биде поставено до сите граѓани на ЕУ и ќе гласи: Дали сакате да го задржите летното сметање на времето или не и дали им одговара повеќе летно или зимско сметање на времето. Консултациите на ЕК се покренати на барање на Европскиот Парламент во февруари, како и на барање на граѓаните и на неколку земји членки на ЕУ.
Во март годинава 73 проценти од Германците се изјаснија дека сакаат да се укине летното сметање на времето, во анкетата направена од осигурителната компанија ДАК.
Првпат летното сметање на времето било воведено во неколку земји на западна Европа по втората светска војна за да се зачува енергија.
Сегашните Европски прописи налагаат часовниците во земјите на ЕУ да се поместат за еден час понапред секоја последна недела во март и да се вратат за еден час наназад секоја последна недела во октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст