В среда ќе ја наполнам колата, ќе тргнам по патот кон Табановце и надвор од Македонија. Крајот на една работна позиција поттикнува ретроспективни мисли. И овој пат, оставајќи земја која создаде толку многу историја во последните четири години, не е поинаку.
Имав извонредна привилегија да работам во вашата земја. Кога работев на Олимписките и Параолимписките игри во Лондон 2012, мислев дека никогаш нема да најдам таква работа со единствен и уникатно наградувачки предизвик. Но, не бев во право. Амбасадорската функција сама по себе е извонредна работа. И нејзиното извршување токму во времето што го минав во Македонија ја прави целосно неповторлива.
Сакав, пред да започнам со патувањето до Лондон, да споделам неколку кратки размислувања. И, бидејќи социјалните медиуми сега доминираат на начинот на кој комуницираме, неизбежно ги напишав со хаштагови. Еве три.
Прво: #Potential #Потенцијал #Potencijal
Пристигнав во мај 2014 година во земја што се чинеше дека си ја брка својата опашка, кружејќи засекогаш во кругови. Ако некогаш сте го гледале филмот „Бескраен ден“, ќе знаете што на мислам. Македонија добиваше препорака дека е подготвена да отвори преговори со ЕУ … но тоа не се случуваше. Следната година истото. Секоја година носеше сличен циклус со НАТО. Секоја година, исто така, беа забележани напори да се премости јазот за прашањето за името … но јазот никогаш не изгледаше како да се намалува. И секој пат кога поминавме низ овој циклус, сите губевме малку од нашето верување во иднината на земјата, а земјата изгуби повеќе од енергијата што и е потребна за да се движи напред.
Која, на граѓаните на Македонија и на пријателите на земјата, им беше извор на длабоко разочарувачка фрустрација. Како и сите други земји, Македонија зависи од својот народ – нејзините учители, лекари, млади претприемачи, сите – да напредуваат, да одат напред. А кој може да напредува кога земјата се врти во круг
Неодамна постигнатиот договор за прашањето за името конечно го отвора патот за Македонија да оди напред, за да ги постигне своите цели за пристапување во НАТО и во ЕУ. И тоа им отвора можност на сите граѓани на Македонија да го постигнат својот сопствен потенцијал.
Второ: #Ambition #Амбиција #Ambicie
За да се постигне #потенцијал ви треба #амбиција. На почетокот од минатата година објавив блог за Македонија во 2027 година. Беше малку забавно да се поттикне дебата за тоа каде луѓето сакаат земјата да биде за десет години. Прашањето за името беше решено; жена ја презеде премиерската позиција; Македонија беше домаќин на Младинските олимписки игри. Размислувајте наголемо, бидете амбициозни.
Но, тоа не се однесува само на националната #амбиција. Исто така, се однесува на амбицијата на индивидуалните граѓани, како во остварувањето на сопствениот потенцијал, така и во она што го барате од вашите политички лидери и вашата демократија. Целете високо во двете.
Трето: #DiversityandInclusion #РазнообразностиИнклузивност #DiverzitetdheInkluzive
Голем дел од #потенцијалот на Македонија лежи во вашата разнообразност. Вашите различни народи, вашите јазици, вашите култури, ја прават вашата земја бескрајно фасцинантна за странците. За Македонија, таа разнообразност е извор на сила. Клучот за користење на тој извор на сила е инклузивноста. Донесете ги сите на масата. Различни мислења придонесуваат за посилна дебата. Различни културни средини придонесуваат за поголема креативност.
Секој има нешто да понуди. Тоа се однесува и на попреченоста. Во четири години, видов дека ставовите на јавноста кон попреченоста се развиваат брзо кон поголема инклузивност, кон давање шанса на сите. Продолжете со тоа: размислете за Крис Холмс, кој дојде тука минатата година.
Тој ослепел преку ноќ на возраст од 14 години, потоа се запишал на Универзитетот во Кембриџ, станал адвокат, а подоцна и еден од најдобрите пливачи на Параолимписките игри што светот ги има видено. Сликата за Македонија што никогаш нема да избледе за мене е онаа со тимот келнери со Даунов синдром на роденденската забава на кралицата тука.
Си одам. Ја напуштам вашата земја со стравопочит кон она што сте го постигнале во надминување на политичката криза, возбуден од можностите што се отвораат, а сепак малку исплашен поради кревкоста на сето тоа. Нема магично копче за да ја испратите вашата политичка криза во историјата. Потребна ќе биде чесност, храброст за да преземат тешки одлуки, јасност на визија и многу повеќе. Потребно е целосно разбирање на ниските точки на кризата, особено настаните во Куманово во мај 2015 година, ако не сакате повторно да се случат. Си одам исполнет со искуство за работа со најневеројатните и најразновидни луѓе во Македонија. Политичари и бранители на човекови права, новинари и иноватори и академици, адвокати и активисти на граѓанското општество.
Си одам побогат со четири години истражување на еден од најубавите делови на Европа. Моите објави на „Твитер“ и на „Фејсбук“ ја покажуваат мојата љубов кон неизбрусаната и разновидна, природна и културна убавина на вашата земја.
Си одам побогат со толку многу нови пријатели, со оние со кои работев, оние кои толку топло не пречекаа мене и моето семејство. Толку многу работи научивме тука и трогнати сме од се што ни дадовте.
O, Македонијо! Нема да те заборавам. Прифати ја својата разнообразност и потенцијал. Размислувај наголемо и цели високо. Се најубаво – ќе се видиме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст