Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху ја повика Европската унија да заземе поцврст став кон Иран откако беше уапсен ирански дипломат кој планирал напад во Франција.
Иранскиот дипломат е уапсен во Германија и е еден од четворицата осомничени за планирање бомбашки напад со иранска опозициска група за време на состанокот на Националниот совет на отпорот на Иран.
– Не е случајност тоа што овој напад е спречен. Ги повикувам лидерите на ЕУ да престанат да финансираат терористички режими кои финансираат тероризам против нас на наше тло. Доста беше политичка слабост кога станува збор за Иран, рече Нетанјаху.
Нагласи дека фактот што нападот бил планиран додека иранскиот претседател Хасан Рохани бил во Европа за да бара економски бенефиции од нуклеарниот договор, знак за „бескрајното лицемерие на Иран“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст