| четврток, 6 декември 2018 |

Ракитиќ: Им реков на соиграчите, Лука толку пати не спасувал, сега ние сме на ред

Хрватската фудбалска репрезентација својот четвртфинален натпревар против Русија го игра во сабота во 20 часот, но за медиумите и натаму во фокусот е возбудливиот пенал рулет кој го одиграа Хрватите со Данците.

Херој на вечерта беше Даниел Субашиќ кој успеа да одбрани три пенали, но голем дел од одговорноста презема и Иван Ракитиќ кој го изведе клучниот удар. Тој за британски „Телеграф“ го открил говорот со кој успеал да ги подигне своите соиграчи пред почетокот на пенал рулетот откако Лука Модриќ промаши од 11 метри во 115-та минута.

– Пред пеналите се собравме и им реков едно нешто на соиграчите: Лука не спасувал толку пати досега, сега ред е ние да го спасиме него. На Субашиќ му реков само да ужива, знаев дека тоа ќе биде негова ноќ за паметење, открива Ракитиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top