Лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис за Политико изјавил дека постои страв од регионални немири во грчка Македонија каде сепаратистички сили можат договорот за името да го видат како покана да се организираат.
Дел од грчките медиуми го прашуваат лидерот на Неа Демократија дали овие сили се во Македонија, дали имаат капацитет да испровоцираат регионални тензии и каков немир можат да започнат. Другите прашања се дали граѓанска војна може да ја подели земјата, кои се силите за кои говори Мицотакис и дали се тие поврзани со Северната лига која се противи на договорот.
Од Мицотакис се бара да одговори директно на што точно мислел во неговата контроверзна изјава затоа што ова е прв случај некој грчки премиер да сугерира дека постои опасност од сепаратистичко движење во Северна Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст