Бранот жежок воздух што доаѓа од Африка ќе ја зафати Велика Британија, а потоа и остатокот од Европа, а метеоролошката служба Аку ведер прогнозира дека јужна Франција и северна Италија ќе доживеат најжешко лето во Европа, со топлотен бран поопасен од ланскиот „Луцифер“.
Жешкото време ќе донесе пад на воздушниот притисок и ќе предизвика опасни суши ширум Европа.
Балканските земји во следните месеци ќе бидат погодени подеднакво од интензивни суши и поројни дождови проследени со поплави, како резултат на некарактеристично жешкиот воздух и влага од Медитеранот.
Топлотен бран по дефиниција се смета кога максималната дневна температура го надминува просечниот максимум за најмалку 5 степени Целзиусови во текот на пет или повеќе последователни денови, според Светската метеоролошка организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.