„Мислам дека ќе ни треба три интервјуа за да ви раскажам за моите болести. Имам четири бајпаса, имам проблем со колкот кој ми е два пати опериран, потоа паднав од велосипед па ја скршив коска на бутот, и сега сум инвалид од колкот. Опeрирав паратироидна жлезда, опасен некој тумор беше. Па, имам преживеано мозочен удар, тежок артритис, витилиго, одам на дијализа, ми откажаа бубрезите. Оперирав и хранопроводник и така уште неколку болести. Но, добар сум и среќен што луѓето не ме заборавиле“, вели во интервју за „Женски магазин“ македонскиот актер Димче Мешковски.
Популарниот Мешко јавноста најмногу го памети по „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Театарче лево ќоше“, „Женски оркестар“, „Балкан бенд“…
Мешко повеќе од четири години со сопругата живеат во Лос Анџелес, САД и овие денови е во Скопје каде што ќе ги помине летните одмори и потоа се враќа назад во Америка каде што живее неговата помлада ќерка Јасна и внуката Леона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст