По четиричасовно убедување, њујоршката полиција успеала да отстрани жена која се качила на Статуата на слободата во знак на протест, на државниот празник – Ден на независноста на САД.
Таа се качила и одела по самиот раб на статуата, по што седнала. Поради инцидентот, бил забранет пристапот до статуата. Во акцијата, двајца полицајци успеале да стигнат до жената, а на телевизиска снимка од хеликоптер може да се види како таа се движи по самиот раб.
Претходно, неколку луѓе пред статуата развиле транспарент со барање за укинување на Агенцијата за миграција и царина, по што биле уапсени. Тие рекле дека не било предвидено жената да се качи на статуата на слободата во знак на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст