| четврток, 6 декември 2018 |

Старец измамен во Маџари: Му земале 5 000 евра „само за да ги покажат“, му оставиле лажни златници

Во вторникот во 16.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.А. (76) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 11.00 до 13.30 часот на ул. „Благоја Стефковски“, населба Маџари, две непознати лица го измамиле, при што му одзеле 5 000 евра.

Додека пријавителот се враќал кон својот дом, му се доближило едно лице и му се претставило дека е од Србија и направил сообраќајна незгода со еден Израелец, кој барал да му плати 500 евра. По кратко време дошло друго лице и се претставило како израелец и рекол дека жена му била во болница и дека му требале пари за да му плати на лекарот. Тој му побарал да му даде 5 000 евра само да ги покаже на докторот за да ја лекува неговата жена, а после ќе извадел пари и ќе му плателе на лекарот.

С.А. од банка извадил пари и му ги дал на лицето што се претставил дека е од Израел, а како гаранција му оставил три златника. Откако ги зеле парите заминале и не се вратиле, по што С.А. сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top