| четврток, 6 декември 2018 |

69 ЗА, еден воздржан: Пратениците повторно го изгласаа Законот за ратификација на договорот со Грција

Со 69 гласа „за“ и еден воздржан, во Собранието по втор пат беше изгласан законот за ратификација на договорот со Грција.

Во Собранието не присуствуваа пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија салата пред да започне гласањето.

Претходно, министерот за надворешни работи, Никола Димитров истакна дека претседателот Ѓорге Иванов не може да го брани уставот со негово кршење. Димитров тврди дека договорот не ги загрозува идентитетот и нацијата.

Уставот не се брани со негово кршење, а токму тоа го прави претседателот Ѓорге Иванов, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за време на денешното обраќање пред пратениците, каде се осврна на образложението од Иванов зошто не го потпишува договорот за името.

-Ве уверувам дека ниту јас, ниту Заев не прифаќаме загрозување на идентитетот и нацијата. Со спогодбата ќе имаме печатење на документот на македонски јазик со македонски превод“, рече Димитров.

Во однос на обвинувањата дека Владата не склучува меѓународни договори туку тоа го прави претседателот на државата, Димитров го цитираше уставот, според кој и Владата склучува договори во области од економијата, социјалата, заштитата на животната средина, енергетика, дипломатски конзуларните односи, одбраната.

„Од 897 меѓународни договори кои досега се ратификувале во Собранието, само 5 биле склучени од страна на претседателите“, рече Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top