| четврток, 6 декември 2018 |

Од 10 до 13 години затвор: Обвинетите за обид за убиство на Села добија затворски казни

Обвинетите во случајот со обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април во Собранието на Република Македонија се виновни дека со умисла се обиделе да го лишат од живот Села, објави судијката Славица Андреевска. Виновни се дека на 27 април после 19 часот во Собранието на РМ заедно и со умисла се обиделе да го лишат од живот Зијадин Села.

Кире Ѓорѓиевски доби 13 години затвор, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Никола Војминовски 13 години и шест месеци, Коста Делов 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци и Николче Димитриевски исто така 10 години и шест месеци.

Во затвроските казни ќе се пресметува и времето поминато во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top