| четврток, 6 декември 2018 |

Старица го убила синот поради тоа што сакал да ја стави во старечки дом

Американка пукала со огнено оружје и го убила синот поради тоа што сакал да ја стави во старечки дом. Настанот се случил во Феникс, објавија властите во Аризона.

– Ми го одзеде животот, па така и јас го одземам твојот, повторувала Ана Мае Блесинг кога полицијата пристигнала во нејзината куќа, кајшто и се случило злосторството.

На убиството му претходела расправија на Блесинг со нејзиниот 72-годишен син и неговата девојка. Старицата се обидела да пука и во неговата пријателка, но оваа успеала да и го одземе пиштолот, соопштува полицијата.

Блесиинг, која е во својата десетта деценија од животот, се соочува со обвиненија за убиство со умисла, напад со огнено оружје, и за киднапирање

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top