Министерството за внатрешни работи испратило писмено соопштение до сите странски амбасади во Македонија во врска со акцијата што беше спроведена во саботата во седум дискотеки во Градскиот парк во Скопје. Во извештајот тие детално ја опишуваат акциската контрола која беше спроведена од СВР Скопје во кординација и содејство со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, пишува Независен.
За разлика од соопштението кое МВР го испрати до медиумите во кое се информираше за преземената акција, во дописот до странските амбасади тие детално опишуваат како се одвивале поедичните акции во секој од ноќните клубови.
Весникот дошол до овој извештај кој е напишан на англиски јазик, а во него покрај тоа што се наведени мотивите и начинот на спроведување на акцијата, со цело име и презиме се напишани приведените лица и едно лице кај кое беше пронајдена кеса со непозната прашкаста материја. Неименувани во овој извештај остануваат затекнатите малолетници, како и лицето кај кое бил пронајден пиштол марка „берета“ со десет куршуми.
По деталниот опис на акцијата, на крајот од извештајот МВР пишува дека пред почетокот на акциските контроли, сите униформирани и неуниформирани полициски офицери кои беа дел од тимовите добиле упатства за постапување во согласност со стандардните оперативни процедури, а доколку треба да се употребат физичка сила и други средства за присилба, тоа да биде крајна мерка и таа да биде во согласност со позитивните законски одредби.
– Во интерес на вистинито информирање на јавноста, му беше дадена наредба на Одделението за внатрешна контрола и професионални стандарди за да се испитаат сите неправилности. Првичниот извештај на Одделот е дека контролираните акции биле спроведени врз основа на претходно изготвен план, во рамките на соодветни постапки и без употреба на сила. Од угостителските објекти беше побарано да ги обезбедат снимките од видео-надзорот за да се проверат обвинувањата дека полицајците кога влегле во објектите впериле оружје кон присутните гости. Видеоснимките допрва треба да се обезбедат, стои во соопштението на МВР упатено до амбасадите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст