Грчкиот весник „Катимерини“ ја пренесува реакцијата на грчкото Министерство за надворешни работи, упатена до премиерто на Република Македонија, Зоран Заев. Вчера се одржа свечена церемонија, на која премиерот Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ги пречекаа 125-те нови професионални војници на Армијата. На свеченоста претседателот на Владата, Зоран Заев, истакна дека тие се иднината, тие се безбедноста на Република Македонија.Тој посочи дека оваа генерација професионални војници треба да биде особено горда бидејќи е првата генерација војници кои ќе ѝ служат на својата земја како земја членка на НАТО-алијансата.
-Нашето членство во сојузот за вас ќе отвори поголеми можности. Македонската армија со години наназад рамо до рамо со војските членки на НАТО учествува во мировните мисии и добива највисоки оценки. Со учеството во тие мисии растеа и капацитетите на АРМ. Министерството за одбрана и Владата на РМ заеднички работеа напорно за да го вратиме дигнитетот на вашата професија после застојот во реформите… Нашиот пристап кон решенија овие денови ни донесе радосни вести и позитивни одлуки. Една од нив е најавената покана да бидеме 30 членка на Алијансата,
Во текстот на „Катимерини“ пишува:
„Премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, во изјава за време на свечениот прием на нови војници, зборуваше за „македонска армија“, која ќе биде членка на сојузот на НАТО. Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше на неговата изјава истакнувајќи дека изјавата ја нагласува важноста да се имплементира Преспанскиот договор. Тоа е затоа што договорот експлицитно наведува дека агресивното определување на државата, нејзините официјални тела и други јавни ентитети ќе бидат во согласност со новото име на земјата, односно во овој случај, Северна Македонија.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


