| четврток, 6 декември 2018 |

Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, општина Охрид, Музејот на Град Скопје и Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го одбележат јубилејот „Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан“.

Во куќата на Уранија во Охрид ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, академик Газанфер Бајрам од МАНУ и деканот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Огнен Марина.

Вечерта ќе биде отворена изложбата „Сто години Борис Чипан“, на која ќе се обрати и директорката на Музејот на Град Скопје Фросина Зафировска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top