
Мажите сакаат да бидат орално задоволени, но не и орално да ја задоволат партнерката. Тие не се големи љубители на оралниот секс, барем не тогаш кога тие треба да ја вршат работата. Сепак го практикуваат, а причината е едноставна – да го намалат ризикот од неверство од нејзина страна.
Според индискиот весник “Хиндустан тајмс” заедничкото научно истражување во САД и Велика Британија, покажува дека мажите не го сакаат оралниот секс затоа што не води до зачнување. Тој не бил предизвикан од чисто природни механизми. Тука се активира психологијата, покажува анкетата на 243-ца хетеросексуални мажи. Според признанијата мажите сметаат дека оваа стратегија им помага да ја задржат жената.
Впрочем и кај жените работи аналогно механизмот. Тие имитираат оргазам од страв да не го изгубат партнерот. Колку често жената имитира оргазам, толку посигурна е дека ќе го задржи мажот, расчистиле истражувачи од Колумбија и Универзитетот Оксфорд.
Повеќе од половина од учесничките во истражувањето (53,9%) признале дека имитираат оргазам со партнерот. При тоа колку поголем бил ризикот од неверство, толку повеќе тие имитираат оргазам. И сепак имитацијата ја не спречува целосно жената се сомнева во веродостојноста на партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


