Забавите во познатото Зрче на хрватскиот остров Паг веќе со години не поминуваат без балони, но тие не користат како украс, туку за вдишување на азотен оксид, попознат како гас за смеење или рајски гас.
Станува збор за гас кој во медицината се користи како анестетик, а во угостителството се употребува во апаратите за шлаг. Но, младите сфатија дека тој гас може да се користи и за други работи, пишува хрватски „Индекс“
Балони во Зрче ќе најдете насекаде, буквално сите имаат балон во раце. Младите го вдишуваат гасот кој по 20-30 секунди им дава чувство на еуфорија.
Гасот може да се се купи потполно легално во маркетите или во киоск, а се продава дури и на импровизирани штандови на самите плажи. За околу 400 денари може да купите 24 ампули со гас, балони и пумпа со кој се полнат балоните.

Во клубовите цената е секако многу повисока, но луѓето сепак купуваат, пишува сајтот, иако за 24 ампули цената е 3.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


