На осумнаесетгодишната Едина Кастрати од Црна Гора му е одреден притвор од три дена откако призна дека пред неколку дена го фрлила своето четиримесечно бебе во река. Како објаснување рекла дека со тоа дете не ја сакале ни сопругот, ни татко и.
Обвинителството ќе поднесе кривична постапка против неа за тешко дело – убиство на дете, за кое казната е најамлку 10 години затвор.
Обвинетата до пред една недела живеела со невенчаниот сопруг В.Х. (24) и другиот 18-месечен син. Наводно, тој ја малтретирал и физички и психички. На крај, таа не можела повеќе да издржи.
Кастрати во петокот го наранила бебето и го замотала во ќебе и заминала од куќата каде живеела со децата, невенчаниот сопруг и неговите родители.
– Ми текна на тоа оддеднаш, додека спиеше. Отидов до реката и го фрлив во брановите. Кога видов како плови надолу си заминав – изјавила таа.
Извор за истрагата потврдил дека таа неколку пати бегала од домот на невенчаниот сопруг, затоа што тој се сомневал дека детето е негово, што било и причина за нивните кавги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст