Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот Љупчо Јаневски денес беше во посета на Дојран, каде со градоначалникот Анго Ангов дискутираа за активности кои заеднички ќе се преземат за уште поуспешна туристичка сезона и зголемување на бројот на туристи преку соработка на проекти кои ќе овозможат зголемен интерес и ќе претставуваат туристичка атракција.
АППТ и Општина Дојран денес го означија почетокот на реализација на проект за промоција на Дојран на српскиот пазар, долж трансферзалата Е-75, а каде на билборди главна точка е Дојран и неговата промоција. Со овој проект кој е во вредност од 1.000.000,00 ден. финансиран дирекно од АППТ, се очекува зголемување на бројот на српски туристи.
Градоначалникот на oпштината, Анго Ангов, на службениот ФБ профил напиша дека се очекува поголема посетеност од српски туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст