| четврток, 6 декември 2018 |

Каков џентлмен: Саутгејт го тешеше Урибе

Англискиот селектор Гарет Саутгејт погажа вистинси спортски дух, кога синоќа по промашениот пенал на Матеус Урибе, почна да го теши колумбискиот играч.

Урибе беше многу вознемирен што промаши во пенал-рулетот против Англија, а со тоа и неговата репрезентација не продолжи во четвртфинале, но Саутгејт го пречека со прегратка и охрабрувачки зборови.

Четириесет и седумгодишниот селектор важи за голем џентлмен, а на неговата постапка позитивно и со гордост реагираа многу познати Англичани.

Многуимина оваа фотографија ги потсети на онаа од пред 22 години, кога и самиот Саутгеј промаши одлучувачки удар против Германија во полуфиналето на Европското првенство 1996 година. Него го тешеше тогашниот селектор Тери Венејблс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top