Кога и доколку дојде време, ќе разговараме за предлогот на Каменос во врска со 180 гласови за ратификацијата. Кога ќе дојде тој момент ќе ги разгледаме сите технички детали и ќе донесеме одлука, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во однос на барањето на коалицискиот партнер, Панос Каменос, договорот од Преспа во грчкиот Парламент да се гласа со зголемено мнозинство.
Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека грчкиот Устав само во одредени случаи предвидува зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници наместо 151, а договорот од Преспа не е во таа категорија. Сепак, рече дека предлогот на коалицискиот партнер ќе биде предмет на дискусија и консултација во грчката Влада, кога ќе дојде време.
– Предлогот на Каменос, што е политички предлог, како и секој друг предлог што го доставува коалицискиот партнер ќе биде предмет на разговор, на консултации во владата за кога ќе дојде време и доколку дојде време да се донесат неопходните политички одлуки, рече портпаролот на грчката Влада.
Говорејќи за грчката телевизија Антена, како што утрово објави МИА, Панос Каменос рече дека ќе бидат потребни две години, Македонија да ги заврши обврските за договорот од Преспа да дојде во грчкиот Парламент. На прашање на дописничката на МИА од Атина во однос на овој временски период, портпаролот на грчката Влада не сакаше да дава временски проценки или предвидувања кога решението би се нашло пред грчките пратеници.
– Јас не можам временски да проценам, договорот одредува конкретни чекори што треба да се исполнат за овој договор да дојде за ратификација во грчкиот Парламент. Потсетувам кои се овие чекори: треба да има референдум во поранешната југословенска Република Македонија што ќе треба да има позитивен исход, потоа да следат процедурите за уставна ревизија и промена на уставното име на соседот. Оттука, штом се направи сѐ ова и се завршат овие чекори, тогаш и само тогаш грчката Влада ќе го донесе договорот во грчкиот Парламент за ратификација. Не можам да правам временски предвидувања во однос на тоа колку време ќе и биде потребно на соседната земја за да ги заврши чекорите што се потребни, рече Ѕанакопулос.
Портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со грчките новинари и странските дописници, уште еднаш повтори дека избори во Грција ќе има на крајот од четиригодишниот мандат на актуелната влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст