| четврток, 6 декември 2018 |

Животната приказна на Том Круз: Од чистач до милионер

Холивудскиот актер Том Круз, пред да стане славен, работеше како чистач и портир, а денеска неговото богатство се проценува на повеќе од 350 милиони долари.

Томас Круз Мапотер IV, всушност е вистинското име на Том Круз, кој денеска не би го гледале во легендарните филмови ако го продолжеше својот првичен животен пат и станеше свештеник.

Како многу религиозна личност, Том Круз имаше желба да стане свештеник, се додека во училиштето не започна да глуми.

Славниот филмски актер се наоѓа помеѓу топ 100 филмски ѕвезди на сите времиња, а вчера го прослави својот 56 роденден.

Како мал тој играше хокеј на трева, но прекина со тоа откако го оштети предниот заб. Потоа работи и како чистач за да дојде до пари, а откако замина во Њујорк неговиот живот потполно се промени.

„На 18 години го напуштив училиштето и заминав во Њујорк за да станам актер, не ни сонував дека вака далеку ќе стигнам“, изјави Том, кој има германско, ирско и англиско потекло.

„Имам просечна висина и не сум претерано згоден, барем тогаш не бев, а веќе за пет години ги снимив некои од своите најголеми филмови“, призна актерот висок 170 сантиметри, кој во деведесеттите години од минатиот век беше помеѓу најплатените актери на светот.

Првата мала улога ја имаше во 1981 година во филмот „Endless Love“, а потоа кога неговиот талент излезе на површина, се нижеа филмски хитови како „Top Gun“, „Rain man“ и „Born of the fourth july“.

Во остварувањата како „Mission Impossible“, „Jerry Maguire“ и „Interview with a vampire“ заработи по 15 милиони долари од филм.

После неколку години во Холивуд, повторно се сврте кон верата, науката, работи поради кои, како што пишуваа светските медиуми, му пропаднаа сите бракови.

Во првиот брак стапи со Мими Роџерс, па потоа беше во брак уште со Никол Кидман и Кејти Холмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top