| четврток, 6 декември 2018 |

По 20 години англиски голман одбрани пенал: Не ме интересира што не сум највисок

По 20 години еден англиски голман одбрани пенал на Светско првенство. Младиот Џордан Пикфорд беше херојот на Англија во пенал-рулетот против Колумбија и со фантастична одбрана ја одведе својата селекција во четвртфиналето.

Младиот голман истакна дека е многу среќен што Англија е меѓу осумте најдобри и напомена дека воопшто не го интересираат критиките од јавноста дека ја немал потребната висина за да стане голем голман

– Имам многу сила и агилност. Не ме интересира што не сум највисокиот голман на светот. Најважно е да бидеш на вистинското место во вистинското време и да го одбраниш одлучувачкиот пенал. Знаевме дека можеме да го добиеме овој меч, па дури и по пеналите. Среќен сум за овој успех и победата им ја посветувам на фановите и на целата нација. Нивната поддршка ни значеше многу во овие моменти, вели голманот на Евертон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top