Даглас Коста доби дозвола од лекарите да се врати на тренинзите на бразилската репрезентација откако успеал да ја залечи повредата на мускулот. Крилниот напаѓач на Јувентус се повреди на 22 јуни, на натпреварот со Костарика и оттогаш тренираше одвоено од тимот.
Коста од вечера им се приклучи на соиграчите кои се подготвуваат за четврт-финалениот дуел со Белгија.
Покрај Даглас Коста, проблем со повредата има и Марсело. Левиот бек на Реал се повреди на почетокот на дуелот со Србија. За него лекарите на бразилската репрезентација се уште не се сигурни дека ќе се рехабилитира до петок, кога е закажан мечот со Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст