Тринаесетгодишно девојче се удавил во ископ исполнет со вода каде што се градел објект во населбата Илинден. Трагедијата се случи вчера попладнето на улица бр. 2 во месноста Бигла. Случајот бил пријавен во 14.40 часот.
Екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, но во меѓувреме жителите го извадиле телото на девојчето кое, најверојатно при игра, паднало во водата и се удавило. Лекарската екипа констатирала смрт.
Според изјави од жители на Илинден, 13-годишното девојче влегло во ископот со вода за да го извлече братчето и друго дете кои паднале во дупката.
Еден од четворицата кои го извадиле безживотно тело на девојчето од водата, за Телма изјавил дека можеби можело девојчето да биде спасено, ако спасувачките екипи и полицијата реагирале брзо.
Мештаните бараат одговорност зошто просторот уште не е ограден.
-Треба да се казнат тие што го направија ова. Го оставија цела година. Цела година го оставија вака. Сите се смеат зашто еден камион денеска ќе донесе, после една недела уште еден камион. Тој што направи ова, што го остави вака сакам одговорност, да биде голема одговорноста. Од човечка негрижа, од државата е ова се. Да не се загради, колкав објект. Погледнете колкав објект да нема нигде заградено. Ова е срамота и греота. Срамота богами за оваа држава.
Жителите бараат одговорност од фирмата што го градела објектот зашто местото не било обезбедено повеќе од една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст