| четврток, 6 декември 2018 |

Научници ќе одгледуваат домати во вселената

Научници почнаа да градат пластеници за одгледување домати во вселената. Овие домати никогаш нема да се јадат, но 16 камери ќе го набљудуваат нивното растење за да се соберат важи податоци за истражувањето дали може да се произведува храна во вселената.

Пластениците се планира да бидат поставени околу орбитата на Земјата на височина од 575 километри. Ќе бидат сместени во контејнер под притисок со иста атмосфера како на Земјата. Претходните експерименти покажаа дека растенијата можат да растат и во отсуство на гравитација.

На пример, пред десет години, ботаничарите од германскиот универзитет во Хановер посадија магдонос во Меѓународната вселенска станица за да ги тестираат ефектите од микрогравитацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top