| четврток, 6 декември 2018 |

Отворено 20. јубилејно издание на Летниот регионален универзитет во Струга

Францускиот институт во Скопје извести дека вчеравечер, понеделник, 2 јули 2018 година, во 18 часот, во хотелот „Дрим“, официјално е отворено 20.  јубилејно издание на Летниот регионален универзитет во Струга. Универзитетот го отвориле  Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција и  Петар Атанасов, Претседател на Комисијата за образование во Собранието на РМ.

Летниот регионален универзитет се организира од страна на Францускиот институт во Скопје во соработка со Француските институти во Србија и Хрватска и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука за професорите по и на француски јазик на Балканот и од Југоисточна Европа.

Главната цел на оваа обука е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се засили неговото место во образовниот ситем на земјите учеснички на обуката и да созададе поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји.

Оваа година, Летниот универзитет се одржува од 2 до 6 јули 2018 во хотелот „Дрим“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top