Територијата на Македонија останува под влијание на релативно многу топла воздушна маса од југ која ќе услови сончево и многу топло време со мала локална облачност, објавува „Метеомакс“.
Сепак, во попладневните часови особено на истокот од државава ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално можна е и појава на град и електрични празнења.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени но поради релативно високата релативна влажност на воздухот температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измирените а и времето ќе биде релативно спарно.
УВ индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент од 10 до 11.
Исто така услови за нестабилност особено на планинските места ќе има и утре (четврток) додека за викендот ќе биде понестабилно на многу места со врнежи, грмежи и услови за НЕВРЕМЕ со град додека температурите на воздухот особено во недела ќе бележат тенденција на опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст