Швеѓанецот кој по мечот меѓу Шведска и Швајцарија кој вчера се одигра на Светското првенство (СП) во фудбал кое е во тек, на социјалните мрежи се мајтапеше со навивачите на Швајцарија со албанско потекло добил десетици закани, некои од нив и по животот.
Причината е во тоа што тој на навредлив начин ги имитираше фудбалерите Џака и Шаќири кои по победата над Србија прославија со фигури направени со раце кои означуваат орел.
Слична фигура по поразот на Швајцарија од неговата земја направил и Швеѓанецот но притоа тој направил навредлива форма со рацете што од страна на албанските фанови беше протолкувано како национална навреда на албанскиот симбол.
Веднаш по објавувањето на неговата фотографија започнале заканите и навредите кон шведскиот фан на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст